ВМРО-ДПМНЕ: Целосно ја делегитимиравме СДСМ и Димитар Ковачевски на изборите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ целосно ја делегитимира СДСМ и Димитар Ковачевски на изборите. Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово наспроти поразот на СДСМ покажува дека власта нема повеќе кредибилитет да продолжи да раководи со институциите. Народот е незадоволен, разочаран и револтиран и се чувствуваат излажани и измамени од власта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Победата на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА над СДСМ и ДУИ само потврдува дека народот е против оваа криминалната коалиција.

Апсурдно е што СДСМ и Ковачевски поразот го прославуваат како победа, кога резултатот на изборите покажа дека народот е опозициски расположен.

Прославувањето на победа на Ковачевски и СДСМ во Центар Жупа кој притоа беше единствен кандидат и тоа од Демократската партија на Турците во најмала рака е смешно, бидејќи според изјавата на Ковачевси СДСМ таму се борела со имагинарен противник.

Ова покажува дека Ковачевски може да победува само со замислени противници. И затоа треба да си поднесе оставка. ВМРО-ДПМНЕ има најголем број на градоначалници и советници во советите на општините.

ВМРО-ДПМНЕ двојно ја победи СДСМ во Тетово и докажа дека е фаворит меѓу граѓаните, токму затоа СДСМ бега од предвремени парламентарни избори.

На Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро и луѓе кои ќе внесат нова надеж, енергија и сила кои што ќе создаваат нова иднина“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски