ВМРО-ДПМНЕ: Цело СДС се слика со осудени криминалци, кои потоа бегаат од затвор и никој не понесува одговорност

Од:

„Цело СДС се слика со осудени криминалци, кои потоа бегаат од затвор и никој не понесува одговорност. Избеганиот од Шутка, Нафи Абдиовски со единствена затворска казна која што чека правосилност би излегол од затвор на 4 март 2040-та година. 16-те неправосилни пресуди се со единствена затворска казна од 17 години 6 месеци и 20 дена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо во затвот Абдиовски е во бегство. Нафи Абдиовски е најомилениот криминалец на власта. Нема функционер од Пендаровски, преку Спасовски, Груби и Љупчо Николовски кој не се слика со него.

Каква врска има власта со Абдиовски, за кого нема СВР во државата кое не го бара за некој престап или криминал?

Неможе цела влада да се вади дека се сликала случајно со Абдиовски, тој е сликан и по владини кабинети, и од фотографиите јасно се гледа дека се се, само случајни не.

Дали врските со СДС му помогнале на Абдиовски наместо во Идризово да биде однесен во полуотворениот дел во Шутка, од каде полесно може да избега, и побегнал?

Која е врската на СДС со сите бегства од затвор на тешки криминалци и дали истите се координирани?“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина