ВМРО-ДПМНЕ: Целата одговорност сега е на Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека целата одговорност сега е на лидерот на СДСМ кој, како што се наведува, веќе нема простор од една страна да го лаже народот за заштита на националните интереси, а од друга страна да дава ветувања за реализација на тиранската платформа.

– Криминалецот Зоран Заев јавно се обврза дека ја отфрла тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика. Сега целата одговорност останува кај криминалецот Заев. Тој ќе мора да избере дали ќе ја отфрли двојазичноста на банкнотите, униформите и носењето на резолуција за геноцид врз албанците или ќе си го погази зборот и ќе тргне спротивно на ветувањата дадени пред сопствениот народ, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека будно ќе го следи секој чекор на Заев со кој би се загрозила иднината на државата.

– Криминалецот Заев покажа дека за него вообичаена активност е да се гази Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието како што тоа беше сторено при обидот да го избере Талат Џафери за претседател. Мандатот на Зоран Заев е затруен плод на затруено дрво. Неговото неодговорно и деструктивно однесување нема иднина, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски