ВМРО-ДПМНЕ: Цела Европа е запознаена со криминалите на раководството на СДСМ

Од:

„Очигледна е нервозата која владее во СДСМ од посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот и самитот на ЕПП во Малта.

Стравот на СДСМ е огромен од една единствена причина, бидејќи од средбите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со функционерите на Европските народни партии, цела Европа е запознаена со криминалите на раководството на партијата СДСМ.

Цела Европа е свесна за неодамна објавениот податок дека општина Струмица е најкорумпираната општина во Европа, а нејзин градоначалник е Зоран Заев. Заев стана синоним за криминал, корупција и рекет во европски рамки.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го искористи гостувањето на Конгресот на Европската Народна Партија (ЕПП) за да оствари средби и разговори со лидерите во Европа, Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта, претседателот на Националната партија на Малта, Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Смид, со европратениците Ебер Брок и Алојз Петерле, со поранешниот премиер на Италија и лидер на партијата Форца, Италија, Силвио Берлускони и уште десетина други формални и неформалини средби.

Јасно беше искажан ставот на Европски народни партии да продолжат да ги поддржуваат сестринските партии во Европа. Притоа беше акцентирано дека не смее да се дозволи со парите на СОРОС да се ризикува стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија.

Ете затоа е стравот во СДСМ и потребата да лажат и нервозно да манипулираат. Европа на овој самит на ЕПП ќе има можност да се запознае со целата антидржавна политика на СДСМ и криминалите на нивното раководство предводено од аболицираниот Зоран Заев.

Цела Европа ќе ги дознае причините зошто народот во Македонија е разочаран, револтиран и гневен“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ