„Мила Царовска и Владата прокоцкаа цело лето и не создадоа услови за физичко присуство на учениците на настава од денес. Голем број училишта низ дрмавата не се спремни. Дезинфекција нема. Протоколите имаат пропусти“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
„Царовска наместо да набави брзи тестови за учениците и да создаде систем за брзо изолирање на КОВИД позитивни жртвува повторно цела година. Само прашање на време е кога Царовска повторно ќе ја воведе онлајн наставата.
Учениците немаат услови за учење Царовска ги донесе до ситуација од една книга да учат две дечиња. Царовска не обезбеди книги и наставен материјал.
Царовска се однесува како стартот на учебната година да ја изненадило како снег во мај.
Образовниот систем е дотолчен од аматеризмот на Царовска. Време е да се стави крај на експериментите. Време е за промени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
