ВМРО-ДПМНЕ: Бугарското МНР меѓу редови вели дека со СДСМ им оди работата, па сега подготвуваат нов документ со уцени за Македонија

Од:

„Ковачевски се крие и збор не кажува за новонастаната ситуација во односите со Бугарија. Впрочем цела влада е на одмор и нема ниту еден ресорен министер да излезе во јаноста и каже каков е тој нов бугарски документ со нови услови за Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, Бугарија подготвува нов пишан документ кој треба да содржи нови обвски за Македонија и по кој веројатно бугарската страна ќе оценува дали Македонија ќе добие ново вето во некое поглевја, односно кластер. Патем министерот за надворешни работи Милков вели дека ваквиот пишан документ ќе им овозможи „систематски пристап и јасно запишани задачи и одговорности, за да може да се очекуваат и резултати“. Ковачевски треба да излезе и да каже што значи ова за Македонија. Кои се новите понижувања кои се подготвени да ги направат заради нивните лични кариери.

Патем Милков, бугарскиот МНР меѓу редови вели дека СДСМ е партијата со која им оди работата, па логично се поставува прашањето дали и овој нов пишан документ Ковачевски и компанија прво ќе го негираат, па ќе го кријат, па ќе го прифатат и ќе го прикажат како историски момент, исто како што направија со сите предавства претходно.

Ваквите понижувања мора да престанат. Македонија мора да има цврсти национални и државни позиции. За жал со оваа влада тоа не е можно. Затоа народот треба да одлучи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања