ВМРО-ДПМНЕ: БРТ превозот не е адекватен за Скопје, а аматеризмот при планирање ќе го загрозеше водоснабдувањето на градот

Од:

„БРТ превозот не е адекватен за Скопје, а аматеризмот при планирање ќе го загрозеше водоснабдувањето на градот. Планираната траса на БРТ превозот беше аматерски осмислена да се движи над главната водоводна цевка која се наоѓа во зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на булеварот. Водоводната цевка не е заштитена и поставувањето на коловоз над неа без дополнителна заштита за кој во овој случај се потребни дополнителни 20 милиони евра ќе предизвикаше хаварија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Дополнително пред да се постави коловозот за БРТ транспорт мора да се изнајдат решенија за пристап до водоводната цевка без затоа да треба да се ископува целата евентуална траса и затоа Скопје да нема ниту вода, ниту јавен транспорт со часови или денови.

Вака осмислениот транспорт беше без конкретен план за голем број на странични проблеми како што е тој со водоснабдувањето.

За разлика од со Шилегов. Скопје ќе добие ефикасен јавен транспорт“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он