ВМРО-ДПМНЕ: Бранко и Љубчо совршено си одговараат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше за соработката на Бранко Црввенковски со Љубчо Георгиевски. Од владеачката партија коментираат дека во ВМРО-ДПМНЕ пред 9 години имало раскол поради спротивните политики и различните вредности кој што од една страна ВМРО–ДПМНЕ, а од друга страна Љубчо Георгиевски ги имаа.

„Веќе 9 години ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски имаат различна платформа.

Денес СДСМ е во коалиција со Љубчо Георгиевски што значи дека СДСМ ги споделува истите политики, истите морални вредности, истите принципи и платформа, истиот концепт за тоа како треба да се управува Македонија. Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски се лицето и опачината на сето она што значи погубна политика за интересите на Македонија и сите нејзини граѓани.

Затоа на следните избори граѓаните референдумски ќе се изјаснат против се она што Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски го претставуваат во последните 20 години, на следните избори граѓаните ќе гласаат против Бранко Црвенковски и против Љубчо Георгиевски поради нивните лаги, нивните трикови, поради илјадниците упропастени човечки судбини, поради распродажба на државните интереси, поради националната политика кој што ја водеа тие двајцата, поради криминалот и транзицијата.

Повторно прашуваме каква врска има ВМРО – ДПМНЕ со коалицијата на Љубчо Георгиевски со Бранко Црвенковски? -Немаме никаква врска. Тие се луѓето кој што ги делат истите вредности и истите политики и затоа тие двајцата совршено си одговараат“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски