ВМРО-ДПМНЕ: Бранко Црвенковски нема морален кредибилитет да зборува за решенија

Од:

Лицето Бранко Црвенковски е мрачното лице на Македонија и единствено како такво претставува соодветно друштво на мрачниот лик Заев и мрачните сценарија на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на писмото на Бранко Црвеконовски.

„Лицето Бранко Црвенковски на кого очигледно му досадија прошетките по Флорида и седенките и севдалинките по локалите во Македонија, денес се пројави со писмо очекувајќи целата јавност да се стресе и возбуди од неговиот проглас и да му заборави за сето зло што го има направено врз граѓаните и државата, дека ќе ги заборави мрачната и болна приватизација во која се раскрчмија над 460 фирми и земјоделски комбинати и беа избркани од работа 200 000 работници, шверцот со нафта цигари и бакар, неразјаснетите убиства и самоубиства, лажните ветувања за вработување на по еден член од секое семејство, територијалната поделба при која тепаше граѓани кои се спротивставија на неа, сменетото име и знаме, сомнително доделените над 120 000 државјанства и илјадниците други негови лаги и манипулации.

Заедничко на Бранко Црвенковски и Зоран Заев им е што се поборници на мрачни сценарија, на насилство, на тензии, на одработувања за туѓи интереси и затоа и двајцата немаат подршка од народот.

Бранко Црвенковски нема никаков морален кредибилитет да зборува за решенија бидејќи тој 20 години е генератор на проблемите, а кога ќе реши малку да се одмори и прошета тогаш проблемите ги прават неговите клонови, чувари на столче и соработници кои за 20 години кариера немаат ниту еден реализиран проект по кој народот ќе ги памети“, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на Црвенковски му порачуваат дека ова не се 90-тите и дека нема да дозволат да го загрози развојот, реализацијата на над 2000 проекти и отворањето на новите фабрики и работни места

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина