ВМРО-ДПМНЕ: Болката на дезертерската СДС е во тоа што не можат веќе да крадат и да местат тендери во општина Аеродром

Од:

„Болката на клептоманите од дезертерската СДС е што не можат да местат и да крадат од тендери. Во општина Аеродром е разбиен монополот кој тие го создадоа во последните 4 години за набавка на ужина и топол оброк во основните училишта. Наместо една фирма која ќе го врши снабдувањето, воведен е нов модел со кој секое училиште заедно со советот на родители бираат каква храна ќе јадат нивните деца“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ Аеродром.

„Очигледно ги погодило многу во СДС тоа што им е разбиена шемата преку која некој ќарувал профити на сметка на родителите и децата. Сега сите основни училишта во Аеродром имаат склучено договори и тоа е направено транспарентно.

Коруптивните зделки и сомнителните тендери на СДС се минато во Аеродром, оттука и нервозата во нивните лажни и тенденциозни соопштенија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски