ВМРО-ДПМНЕ: Богоев да постапи по закон и да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов

Од:

„Богоев да постапи по закон и да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов. Зградата на Шилегов во Карпош е дивоградба. Цели два ката од зградата се вон ДУП“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Општина Карпош е единствена надлежна институција која издава дозволи за градба, доградба или реновирање, но и спроведува рушење кога станува збор за дивоградба.

Во делот каде се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов во сила е ДУП кој дозволува градба во висина од 7.5 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов кренал уште два ката над тоа.

Општина Карпош и градоначалникот во заминување, Стефан Богоев треба да постапат според закон и да ја срушат дивоградбата. Во спротива се е прикривање на Шилегов“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ