ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ го направи ПОЦ бесмислено претпријатие

Од:

„Најважни работи во една урбанизирана општина како Центар се: хигиената, како се трошат јавните пари и паркингот. За општина како Центар паркингот е од огромно значење за Центарци. Последниве неколку години видовме катастрофално менаџирање на паркингзите од страна на СДС и директорот на јавното претпријатие Саша Богдановиќ. Ако ги прашате жителите на Центар што е подобрено во однос на паркирањето во оваа општина верувајте дека нема да знаат да посочат.

Иако Богдановиќ и СДС имаа на располагање огромен буџет од 100 милиони евра, пари за кои некои општини во Македонија можат и да сонуваат дека ќе ги имаат, не направија апсолутно ништо да се подобри оваа ситуација. Единствена работа со која можат да се пофалат е монтажниот паркинг позади трговскиот центар Буњаковец.

Значи за 4-ри години и 100 милиони евра изграден е само ЕДЕН паркинг, монтажен.

Иако ветуваа дека ќе изградат нови монтажни паркинзи, катни гаражи видовме дека ништо од тоа не е исполнето. Впрочем и моменталното седиште на ПОЦ е катната гаража “Судска палата“ која е изградена во време на ВМРО-ДПМНЕ со капацитет од 502 места. Исто така сакаме да потенцираме дека и помеѓу првите монтажни паркинзи беше изграден во Капиштец токму на барање на граѓаните во тој дел од општината и тоа пак во време на ВМРО-ДПМНЕ

Саша Богдановиќ и СДС имаа време да покажат колку се грижат за Центарци. Единствена грижа на Богдановиќ му беше и мораме да потенцираме дека се насочи кон таа цел е прво како да ги избрка од претпријатието сите оние кои не размислуваа како него. Верувајте успеа во тоа. Остави десетици на улица да се снаоѓаат како знаат и умеат. Богдановиќ си ги вработи неговите партиски пријателчиња од СДС Центар, ги намести на позиции им даде плати за кои многу вработени можат да позавидат. Богдановиќ ги тераше неговите вработени да делат партиски отчети за време на работно време со закани и уцени дека ќе бидат избркани од работа.

Се поставува прашањето што направил Богдановиќ во овие 4 години освен што безмилосно го цеди ПОЦ. Одговорот е едноставен, апсолутно ништо. Прво поставете си го прашањето дали би го вработиле овој човек во ваша фирма, а потоа дали заслужува да биде директор на ПОЦ.

Богдановиќ го направи ПОЦ да биде бесмислено претпријатие. Наместо да биде симбол на среденост и посветеност, ПОЦ стана симбол на хаосот и партиските вработувања. Мисијата што требаше да ја има ПОЦ на чело со Богдановиќ одамна се изгуби. Целта му е да прави што е можно поголема наплата, па макар тоа биле неуредно паркирани автомобили на необележани места се со цел да ја исполни неговата партиска агенда.

Граѓаните на Центар не се ни глуви ни слепи. Тие ги гледаат овие работи и знаат да одберат што е најдобро за нивната општина. Неспособнота, партизираноста, неработењето се главните одлики на Саша Богдановиќ и затоа Центарци ќе го казнат на 15-ти Октомври“, изјави Јована Мирческа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО