ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ да излезе од кабинетот и да го види ѓубрето низ улиците во Центар

Од:

„Саша Богдановиќ треба да излезе од својот кабинет и да го види ѓубрето низ улиците во Центар.

Одржувањето на хигиената е катастрофална тоа го знаат граѓаните а го знае и Богдановиќ.

Доволно е да прошетате низ строгиот Центар, Буњаковец, Урбан Парк, Капиштец, Градски Ѕид и ќе видите ужасни глетки кои само можат да се видат во земјите од третиот свет.

Богдановиќ наместо да си ја префрла топката со неговото партиско другарче Петре Шилегов да седнат и да се договорат кој е надлежен за ѓубрето зошто центарци не се должни да го трпат нивното препукување.

Граѓаните на Центар заслужуваат да живеат во модерна и чиста општина наместо урбана депонија која е извор на болести и зарази.

СДСМ ја има власта во Центар 5 години.

Со буџет од 25 милиони евра годишно Центар е помеѓу најбогатите општини во државата. Со тој буџет Центар до сега требаше да биде една од најчисите урбани средини.

Освен празни ветувања од типот “ќе направиме“, декларативни заложби и по кој знае кој пат вонредно чистење на општината друго ништо не видовме.

Очигледно е дека неспособноста на претходниот градоначалник Андреј Жерновски се префрлила на сегашниот Саша Богдановиќ.

Центарци имаат право да живеат во модерна и урбана општина но не заслужуваат да ги води неспособен и безидеен градоначалник“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ Центар на демантот на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски