ВМРО-ДПМНЕ: Блискоста помеѓу Заев, Јанева и останатите актери во „Рекет“ е јасна

Од:

„На чело на криминално рекетарската банда на СДСМ е Зоран Заев. Лажните вести, манипулациите и смешните оправдувања не може да ја потиснат вистината за „Рекет“, а тоа е дека Јанева, Милевски и Кичеец рекетирале 10-тици македонски бизнисмени за суми кои надминуваат 20 милиони евра. Тие биле под заштита и во контакт со Зоран Заев и власта на СДСМ.

Блискоста помеѓу Зоран Заев, Катица Јанева и останатите актери во случајот е јасна. Македонската јавност е информирана за тајните средби на Зоран Заев со Катица Јанева. македонската јавност е информирана за тајните средби на Вице Заев со Зоран Милевски Кичеец“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонската јавност е информирана и за средбите на Кичеец со Зоран Заев, а сите се сеќаваме и на фотографиите на Бојан Јовановски во премиерскиот кабинет.

Од разговорите кои протекоа во јавноста знаеме дека Зоран Заев бил информиран за нелегалните активности на Меѓународниот сојуз кој што работел со локални бизнисмени во државата.

Правосудството е под целосна контрола на Зоран Заев и токму поради оваа причина никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало со рекетот.

Контурата на октоподот се гледа, а сите знаеме дека главата на октоподот е Зоран Заев. Вистината за „Рекет“ ќе се дознае, а тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои што се ставија во заштита на криминалот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче