ВМРО-ДПМНЕ: Благодарност до Богданка и Шилегов што сами си направија рецензија на ветеното, а нереализирано

Од:

„Благодарност до Богданка и Шилегов што сами си направија рецензија на ветеното, а нереализирано. Петре Шилегов е убедливо најнеуспешниот градоначалник на Скопје. Програмата на Петре има 0% реализација, но затоа криминалот, тендерите и енормното богатење се реализирани 100%. Видно исплашени од поразот кој ги чека, СДСМ наместо да водат сопствена кампања деноноќно следат како системски и успешно работи Данела Арсовска“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ се толку неспособни што за нив реализирани проекти се оние проекти за кои се работи студија. Скопје изгуби четири години со Шилегов.

Секоја година излегуваа на помпезни прес-конференции дека кај и да е ќе почнат со реализација на некој проект. Во нивната неспособност да го сработат ветеното кон скопјани, знаат само да рушат.

Единствена причина за ваквиот исход е тоа што градската каса, поради недомаќинското работење на Шилегов, е целосна празна и тој не е способен да издвои средства за најобична санација.

Ова не е ништо друго освен очајнички обид на СДСМ да ја спаси политичката кариера на најнеспособниот градоначалник на Скопје во историјата на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија