ВМРО-ДПМНЕ Битола: СДСМ за ништо не го почитува дадениот збор

Од:

„СДСМ бара граѓаните да му веруваат на збор, а не може да испочитувани еден фер координативен договор околу денешните точки на дневниот ред во Советот на Општина Битола.

Откако со коориднаторот на советничката група на СДСМ се договоривме формалните  измени и дополнувања на две одлуки  поврзани со изборите да бидат поддржано едногласно и без дискусија, советниците од опозицијата не можеа да одолеат уште еднаш да ја злоупотребат говорницата во Советот и присутните медиуми, за дискусии на теми на кои местото им е во партиските штабови.

Денешниот „испад“ на советниците од НСДП и ЛДП кои не ги почитуваа упатствата од координаторот на советничката група, упатува на два заклучоци:

–  Или во соработката на СДСМ со неговите коалициски партнери нешто мириса

–  Или координаторот , Васко Ковачевски, за кој сите знаат дека не е поддржан од партиското членство, нема, ама баш, никаков авторитет кај своите колеги советници.

Процедурата за упатување забелешки околу плакатирањето и рекламирањето е регулирана со Изборниот Законик кој во тој дел не предвидува надлежности на Советот на Општината.

Зебелешките во вид на претставки се упатуваат институционално до Избирачките комисии, судството и меѓународните набљудувачи каде што ќе се обратиме и ние во врска со реакциите од граѓаните за ваквото бескрупулозно „нагрдување“ на нивните згради, кое за разлика од плакатите не може да се отстрани.

ВМРО-ДПМНЕ како и до сега ќе продолжи да ги почитува принципите на фер и демократска кампања и одржување на дадениот збор пред било кого. А СДСМ нека продолжи да го прекршува дадениот збор и нека ги нервира граѓаните со предизборно валкање на нивните згради“, рече Игор Хаџиевски – секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски