ВМРО-ДПМНЕ Битола го осуди палењето на автомобилот

Од:

Остро го осудуваме секој чин на насилство и вандализам насочени против имотот и безбедноста на било кој граѓанин, вклучително и, како што се наведува во информацијата која поткрепена со фотографии СДСМ денеска ја лиферуваше во дел од медиумите – „намерното палење на возило“ на нивен активист во Битола.

Уште повеќе ги осудуваме обидите за злоупотреба и паушална политизација на овој и било кој друг случај, од страна на некои медиуми блиски до опозицијата, преку инсинуации и неосновани обвинувања да се обидат да обезбедат политички поени за СДСМ и по секоја цена да му наметнат улога на жртва, немајќи други аргументи за оправдување на неуспешната политика на СДСМ
Во име на вистината, ги повикуваме истражните органи што поскоро да го расветлат овој случај и да ги откријат мотивите и сторителите, за да се избегнат натамошни шпекулации и политички злоупотреби.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина