ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари

Од:

Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари, на патување во Ријад и Брисел пак си купувала кошули, маици, дресови, и повторно куфер. Не поминувало патување на Бисера Антоанета, а таа со народни пари да не си купи нешто за лични потреби. Куфер купувала, како што самата кажа на патувањето во Лондон, бидејќи според нејзини зборови и бил загубен багажот од авио компанијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, фактите говорат друго. И на патувањето во Ријад и Брисел пак купила куфер. Секако Бисера Антоанета не би била Бисера Антоанета ако не потрошела пари на граѓаните за лични потреби. Куфер повеќе секогаш ќе служи, ако не на неа, ќе позајмува на блиски. Бисера Антоанета за патувањето прво во Ријад во септември 2023 година, потоа истиот месец во Брисел, земала кеш од Министерството или 2000 долари и 900 евра. Бисера Антоанета со тие пари продолжила да си пазари за себе, и така пак купила куфер кој овој пат ја чинел 38 евра, купила и 5 дреса за 70 евра, во Парфоа, продавница која ја има и во Македонија потрошила 20 евра, а за 35 евра си купила и козметички производи, за 39 евра си купила кошула, потоа поло маици за 95 евра. Бисера Антоанета на патувањата покажала само едно дека знае како да си пазари за лични цели со народни пари. Ова расипничко однесување на Бисера Антоанета е само еден пример како претходната влада ги трошела парите на граѓаните“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата