ВМРО – ДПМНЕ: Безобразно е СДС да бара покачување на платите на наставниците

Од:

Срамно е СДС да зборува за покачување на платите на наставниците и да се поставува во улога на нивен заштитник, кога во буџетот не оставија средства за исплата ниту на основните плати до крајот на календарската година. Манипулираат со податоци за покачувања на плати, кои патем, инфлацијата што самите ја создадоа, целосно ги анулираше и како и сите други граѓани, така ги доведе и наставниците во исклучително тешка економска положба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ буџетот за образование за 2024 година го потрошија во првите 6 месеци од годината. Новото раководство на министерството наследи буџетски дефицит од 5 милијарди денари. Немаше пари ниту за исплата на основните плати на наставниците, а не пак за нивно покачување. Иако во СДСМ се свесни дека наставниците го знаат ова, немаат проблем да се претставуваат како нивни поддржувачи.

Новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства во износ од 900 милиони денари за да можат наставниците да добиваат плата до крајот на тековната година. Во новиот буџет веќе се предвидени и средства за нивно зголемување следната година. Освен на подобрувањето на материјалниот статус на наставниците, програмата на Владата предвидува и повеќе можности за кариерен и професионален развој, значително подобрување на условите за работа, како враќање на општествената вредност и почит кон наставничката професија“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази