ВМРО-ДПМНЕ: Бесмира Ејупи може не стана генерален конзул во Њујорк, ама затоа доби вработување во МНР

Од:

Скандалот со ТВ презентерката Бесмира Ејупи добива ново продолжение. Јавноста овој тв лик го памети по скандалозниот обид да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, но и како лик на кој и биле исплатени 12 илјади евра на име на хонорари од неколку институции, за што постои и истрага велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сега Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи кај Бујар Османи, кој пред само извесно време тврдеше дека не ја познава дотичната особа. Бесмира Ејупи е вработена од неодамна е вработена како соработник во одделението за правни работи во МНР, а почната е процедура за издавање на безбедносен сертификат „доверливо“. Ковачевски веројатно ќе продолжи да молчи, како и минатиот пат кога скандалозно беше именувана за генерален конзул, затоа што или никој не го прашува или не смее да се меша. Ете затоа македонската дипломатија се наоѓа на ова дереџе. Бујар Османи и ДУИ имаат добиено одврзани раце од Ковачевски и СДС да прават што сакаат и како сакаат се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток

Во вторник уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Евакуирана трета група македонски државјани од Блискиот Исток