А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Башибозукот на криминалната банда на власт ги одвраќа странските инвеститори

by А1он08/07/2019 - 09:26162
Share0

„Република Македонија под водството на криминалната банда и аболицираниот Заев е загубена држава. Држава во која граѓаните ја загубија надежта дека може да биде подобро, во која никој не верува дека може да има пристоен живот, дека економската состојба може да се подобри, држава во која нема правда.

Следете a1on на Instagram Instagram

Отсуството на правната држава, негативно се одразува на сите аспекти од животот на граѓаните. Башибозукот на криминалната банда на власт ги одвраќа странските инвеститори, го девалвира целиот државен апарат, влијае врз одлуката младите да си заминат од државата, директно им штети на граѓаните. Повеќе од очигледно е дека за шерифите на Заев не важат законите, па можат да прават буквално се што сакаат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во рок од само две ипол години македонската јавност беше сведок на стотици скандали на власта, кои направија граѓаните да ја загубат надежта во сопствена држава.

Дали во било која Европска држава човек кој како што сам вели работи спротивно на законите може да биде носител на државна функција. Само во Македонија на Зоран Заев, Драги Рашковски може се уште да е Генерален секретар на Влада, откако навреди голем број свои сограѓани како и народот на држава партнер како Италија. Само со Зоран Заев како премиер, човек за кој цела Македонија слушна како местел тендери може да биде носител на јавна функција
Да не заборавиме на монструозноста на Курто Дудуш кој беше пријавен, дека киднапирал и измачувал човек. Овој човек се уште е градоначалник на општината Шутка од редовите на СДСМ и покрај фактот што цела Македонија слушна како тепа и измачува граѓанин на општината со која самиот раководи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Зоран Заев заборави и на својот довчерашен соборец Павле Богоевски кој на целата македонска јавност и призна дека порачувал нелегална опојна супстанца. Дали само поради фактот што тој беше пратеник од редовите на СДСМ, за него не се води кривична постапка?

Кој ги прислушуваше обвинителите? Зоран Заев го заташка и мега скандалот со прислушкувањето на вработените во Основното јавно обвинителство. Се уште нема одговор кој и зошто прислушкувал, нема одговор каде завршиле снимките од обвинителите, дали можеби добро познатиот за македонската јавност воајер, Зоран Заев овие снимки ги користи за уценување на обвинителството и купување на личната слобода и слободата на бандитите на власт“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

Горан Наумовски08/07/2026 - 12:54

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

Горан Наумовски08/07/2026 - 08:54

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

Горан Наумовски06/07/2026 - 12:55

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски06/07/2026 - 12:1706/07/2026 - 12:40

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски06/07/2026 - 08:5406/07/2026 - 09:31

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ

Катерина Ѓуровски05/07/2026 - 20:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто