ВМРО-ДПМНЕ бара Таравари да каже кој меѓународен фактор барал Алијанса да влезе во Владата

Од:

„Почитувани, јавно прашуваме Таравари да каже кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Владата“, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Таравари каде што вели дека меѓународен фактор барал неговата партија да влезе во Владата.

Стоилковски додаде дека Таравари треба јасно и гласно да одговори на јавноста кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса да влезе во Влада. А, доколку не каже Таравари тоа значи дека има друга причина зошто сака да влезе во Владата.

„Доколку Таравари премолчи и не каже значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела