ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на Предлог-законот за Академија на судии и јавни обвинители

Од:

Предлог-законот за Академија на судии и јавни обвинители не ги содржи потребните елементи согласно Деловникот на Собранието за да се донесе со европско знаменце, оцени денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

dobivaj vesti na viber

Според него, не може да имаме правна држава кога вакви закони „се носат на мускули“.

– Се повторува истото сценарио, демонстрирате моќ врз демократските вредности. Пред две недели законот го повлековте и сега го доставувате со европско знаменце. Што се смени во Европската Унија за 10 дена, за кој вие сте одлучиле ова решение да го доставите со европско знаменце. Зошто за 10 дена го сменивте основот од редовна постапка. Секојдневно се крши Деловникот. Ве повикувам да се преиспитате, да го повлечете законското решение и да се организира јавна расправа, изјави пратеникот Ефтимов.

Министерството за правда во образложението за поребата од носење на Законот, што се предлага со европско знаменце, наведува дека тој произлегува од потребата за реформа на судството, зацртана во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, стратешката цел на државата за членство во ЕУ и потребата за остварување на преземените обврски за спроведување ефикасни и континуирани реформи во судството базирани на европските стандарди.

Основната намера на Владата за членство во Европската Унија, се наведува во образложението, налага продолжување на реформите во областа судство и негово натамошно унапредување.

– Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како: воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и редефинирање на начин на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на знаењата на кандидатите, се вели во Предлог законот за Академијата на судии и јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Николоски: Спречување на негирањето од бугарска страна е можно само со создавање на национална политика и влада која што ги штити македонските национални интереси

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Четврта највисока годишна инфлација во Европа е успехот на оваа криминална власт

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарското МНР меѓу редови вели дека со СДСМ им оди работата, па сега подготвуваат нов документ со уцени за Македонија

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Срамна епизода „Стево и Плочата“ – до вчера се фалеше, денес вели дека била спомен плоча од времен карактер

Ана Ололовска

СДСМ: Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се лажговци и лицемери, летуваат во луксуз во Монте Крало и Црна Гора

ВМРО-ДПМНЕ: Владата е неспособна, Македонија е меѓу државите со највисока инфлација