ВМРО-ДПМНЕ бара да се продолжи седницата за уставни измени, Џафери молчи

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа и официјално барање до собранискиот спикер Талат Џафери, седницата за уставни измени да биде закажана веднаш. Ова на прес конференција го кажа пратеничката Дафина Стојаноска, која вели дека целта на барањето е да не се одолговлекува процедурата и да се стави на гласање потребата од носењето на уставни измени.

„Македонската јавност е сведок на изживувањето што се врши врз Уставот на Република Македонија и одолговлекувањето на оваа седница нема да донесе ништо добро за државата. Власта, предводена од СДСМ и ДУИ, е свесна дека нема доволен број на пратеници за да изгласа потреба за нови уставни измени и свесно го одолговлекува овој процес. Сакаме да им порачаме дека, ниту сега, ниту во иднина, нема да има двотретинско мнозинство за уставни измени под бугарски диктат и затоа бараме Талат Џафери да не го злоупотребува Деловникот, да закаже продолжение на седницата и конечно да ја завршиме оваа фарса на власта и да пратиме порака дека не може кој како сака и кога сака да ни го менува Уставот“, вели Стојаноска.

Од Собранието пак, нема одговор дали и кога ќе биде исполнето ова барање. Како што А1он веќе објави, ставот на мнозинството е дека Деловникот не предвидува гласање на 10 дена по почетокот на седницата, туку тоа е рок само за расправата за Уставни измени. Седница според нив, ќе има кога ќе се соберат 80 пратеници кои ќе дадат зелено светло за внесување на бугарите во Уставот, нешто што власта уште го нема обезбедено.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Ахмети ја објави декларацијата потпишана со коалицијата „Вреди“за уставни измени

Предраг Петровиќ

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Гир: Очекуваме спроведување на уставните измени за продолжување на патот на земјата кон ЕУ

Предраг Петровиќ