А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара да нема рок за легализација на имотите на граѓаните

by А1он04/08/2017 - 14:4867
Share0

Група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија денеска поднесоа Предлог закон за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште со кој се бара да не постои краен рок во кој граѓаните можат да покренат постапка за приватизација и откуп, односно легализирање на нивниот имот.

Добивај вести на вибер

– Главната причина поради која го поднесуваме ова дополнување на Законот за приватизација и закуп на градешно земјиште е големемиот број на граѓани што не биле во можност да го остварат своето право за приватизација на неизграденото земјиште, а исто така не поднеле ниту пријава за промена на правото на користење во право на сопственост во рокот до 15 јуни 2016 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

Со предложеното законско решение, нагласи, оваа бариера ќе се надмине и на оваа категорија на граѓани ќе им се овозможи да се стекнат со правото на сопственост на ова земјиште кое е нивна поранешна сопственост.

– Со овој предлог, во постојниот закон се додава нов член со кој се дава можност на граѓаните кои ја пропуштиле можноста да поднесат пријава до катастар до 15 јуни 2016 година да можат да го откупат тоа земјиште во било кое време, односно за разлика од предходните измени со кои се пролонгираше рокот за поднесување на барања овој пат со овие дополнувања нема да постои рок до кој треба да се поднесат барања од страна на граѓаните кои што се уште немаат поведено постапка, рече Ласовска.

Таа посочи дека до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се уште доаѓаат барања од граѓаните кои од најразлични причини не успеале во дадените рокови со закон си ги легализираат имотите.

– Овие дополнувања на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште имаат за цел токму тие граѓани кои не се во мал број да ја имаат истата можност за решавање на нивната имотна сопственост, потенцира Ласовска.

dpmne

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен