ВМРО-ДПМНЕ бара целосно ослободување на сите инволвирани во „Крвавиот четврток“

Од:

Дваесет и осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се предлагачи на Законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 Април 2017 година. Пратениците на денешната седница треба да расправаат и гласаат по ова законско решение, со кое се уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирањето на поведените кривични постапки и целосното ослободување од издржување на казната затвор на лицата осомничени и обвинети во судските постапки кои се водат пред судовите на територија на Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 Април 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ предвидува и бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегување на законот во сила и законот да се носи во скратена постапка..

Тие навеле дека основната цел на Предлог-законот е амнестија за сите инволвирани во случувањата од 27 април, со цел национално помирување и враќање на нормалните текови во државата.

Решението за амнестија според одредбите од овој закон го донесува судот што ја донел првостепената одлука, во рок од пет дена од денот на приемот на барањето.

Упатство за спроведување на овој закон треба да го донесе министерот за правда во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците