ВМРО-ДПМНЕ: Автократот Џафери не е достоен за претседател на Собрание, очекуваме Ковачевски и СДСМ да ја поддржат интерпелацијата

Од:

„Автократот од Форино, Талат Џафери не е достоен да го води законодавниот дом. Тој во клучната демократска институција со своето самоволие ги лиши пратениците од слободно движење, да им заклучува врати и да ги држи како заложници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој со ова свое дејствие стори кривично дело од чл. 140 ст.3 и 4 од КЗ, од кои ст.3 гласи дека и обидот се казнува. Додека ст.4 вели дека ако противправното лишување од слобода го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Да потсетиме дека Џафери во рок од десетина дена влегува од скандал во скандал. На заклучувањето на пратениците му престоеше пцуење, навредување и дерење кон службениците во собранието, но и скандалот со средбата со чеченски политичар кој што е близок со режимот во Кремљ, кој е директен ризик по безбедноста. За сето ова Џафери ниту се извинува, ниту има намера да поднесе оставка.

Да има грам совест Џафери ќе си поднесеше оставка. Бидејќи нема, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери. Очекуваме конечно Димитар Ковачевски и СДСМ да излезат од заложништвото на ДУИ и да ја поддржат интерпелацијата. Во спротивно ќе покажат дека поважни им се фотелјите од демократијата и личната кариера кои им зависат од ДУИ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ