ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска уценета со неколку кривични пријави одработува за Ковачевски

Од:

„Данела Арсовска е уцената со неколку кривични пријави од страна на клептоманската власт предовдена од СДС и е дел од дезертерската коалција на антимакедонската СДС. Дезертер градоначалничката е седната во скутот на СДС заради најмалку две нејзини кривични пријави, едната за скандалот со пречистителната станица за Град Скопје и втората за палењето на автомобилот на претседателката на стопанските комори, каде што Арсовска е посочена како главен виновник во ова дело“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од одржаните тајни средби со Ковачевски и врвот на СДС било договорено Арсовска да застане на чело на клептомантската новоформирана коалиција, а во замена кривичините против неа да завршат во нечија фиока.

Токму затоа и СДС и плати на Арсовска билборди против ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа СДС не бара нејзина оставка. Дека Арсовска работи за СДС говори и фактот што четири дена од партијата жестоко ја бранат и одговараат во нејзино име исто како да го бранат Ковачевски.

На целокупната јавност им е јасно дека Данела Арсовска одработува за клептоманската власт на СДС.

Дали заради сите овие незаконски дејствија сторени од Данела Арсовска, сега таа бара спас во друштвото предводено од дезертерот Ковачевски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ