ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска наместо да прави сплетки, да се посвети на Скопје

Од:

„Арсовска разочара затоа што не испорачува резултати, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека се бори за принципи, не за гола власт. Лошото управување со градот Скопје и нереализирање на ветеното се работи преку кои ВМРО-ДПМНЕ нема да помине. Без разлика за кого се работи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Арсовска покажа суета и ставање на својот личен интерес пред тој на градот. Со нејзиниот аматерски однос, кој не знаеме од какви побуди е поттикнат таа загрозува мултимилионски проект, каков што е прочистителната станица на реката Вардар.

Арсовска имаше лош однос и кон ЈП Дрисла и кон ЈП Градски паркинзи, чии директори со сопствени капацитети ја унапредија работата на тие претпријатија. Арсовска наместо да прави сплетки, да се посвети на Скопје. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е во интерес на градот, но ништо кое што е надвор од тоа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски