ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да си поднесе оставка зошто е неспособна

Од:

„Вчера за Арсовска беше виновна владата, а денес е виновен Управниот одбор на ЈСП кој што наводно го упропастил претпријатието. А Управен одбор одлучува по материјали што ќе му ги достави директорот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Сигурни сме дека не е виновна самата Арсовска, ниту пак оној несреќен директор чиј глас не го слушнавме на советот.

И додека Арсовска се договара со себе кој е виновен ЈСП пропаѓа.

Денес 1.000 семејства се без плата, а 1.000.000 илјади граѓани без превоз.

Тоа е она што е важно и тоа е она што треба да се поправи. Добро е што градот конечно ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата распределба на средства за плати во ЈСП.

А Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски