ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска бара 11 милиони за ПР услуги, а нема пари за превозниците на кои им должи

Од:

Арсовска бара 11 милиони за ПР услуги, а нема пари за превозниците на кои им должи. 11 милиони денари побарува Арсовска за пресконференции и приватна продукција за медиумски активности. Пари кои ги бара, како што е наведено за подобрување на транспарентноста велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Не и се потребни 11 милиоми денари, ниту на неа, ниту на Секретарот на градот Скопје за да не бегаат од новинари, кога бараат одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните. Арсовска наместо да фрла 11 милиони денари за видеа и разни други форми на комуникација, може да почне со плаќање на долгот кој го има ЈСП кон приватните превозници, а кој го потврди и УЈП дека е точно 1.5 милион евра. А за ПР и видео материјали, Арсовска има Сектор за поддршка на градоначалникот и Одделение за односи со јавноста, каде има раководител и 8 вработени, кои се задолжени за информирање, пресконференции, анализи и изработка на ПР материјали за промоција на градот. Арсовска очигледно дека сака овие 11 милиони да ги троши на чиста лична пропаганда се наведува во соопштенето од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ