ВМРО-ДПМНЕ: АРМ нема да се поклони пред оние кои убиваа бранители

Од:

Во врска со настанот на носење на униформирани лица на АРМ на чинот во Слупчане, ВМРО-ДПМНЕ го даде следното соопштение.

Овој чин прави штета на меѓуетничките односи, толеранцијата и довербата меѓу граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ го цени овој чин како обид за добивање ситни партиско-политички поени пред својот електорат, а на штета на довербата помеѓу Македонците и Албанците.

Ако било кој сака со овој чин да прикаже пред својот електорат дека ја натерал Армијата на Република Македонија да се поклони пред оние кои пукаа и убиваа припадници на истата, треба да знае дека АРМ никогаш нема да го направи тоа, колку и некој да наоѓа поединци и да ги става во служба на партиско политички интереси.

Овој чин за ВМРО-ДПМНЕ , не е ни визионерство, ниту храбро лидерство, ниту патриотизам и освен ако зад него не стои друг план тоа е само перчење пред сопствениот електорат со цел добивање краткорочни партиско-политички поени, а на сметка на довербата помеѓу различните етнички заедници.

„Ниту во Република Македонија ниту во било која држава во светот неможе да се прифати како визионерски чин или лидерство доколку униформирани членови на Армијата се поклонат пред оние кои убиваа нивни колеги пред само единаесет години. Тоа може да биде само отворање стари рани, креирање на емоционална болка кај населението, создавање лоша атмосфера, предизвикување револт и слично. Дури и електоратот на кој што се цели со ваквата постапка, ќе го препознае овој лицемерен чин како таков.Еден чин во кој една етничка заедница ќе биде задоволена а друга ќе биде погодена и фрустрирана, никако не може да биде храбро лидерство и визионерство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори