ВМРО-ДПМНЕ: Апелираме судските инстанци да ја проверат процедурата во случајот со Кежаровски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение се огласи за случајот „Ликвидација“ во кој со казна затвор од 2 години е осуден новинарот Томислав Кежаровски. ВМРО-ДПМНЕ ја осудува секоја и секаква политичка злоупотреба на судската одлука во врска со случајот “Ликвидација“, а особено во врска со пресудата на судот за Кежаровски. Еве што стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Апелираме до повисоките надлежни судски инстанци, врз основа на законската регулатива, да ја проверат процедурата во случајот со новинарот Кежаровски и секоја своја одлука пред јавноста да ја објаснат на што ја темелат, со цел да се спречи шпекулирање и манипулација со јавноста од страна на одредени општествени субјекти, а посебно од страна на политички партии.

Опозицијата мора да престане со дивеење и ширење закани и омраза, поттикнати од лични цели, а најмногу заради фактот дека никој не ја гледа како алтернатива, најмногу поради нивната деструктивност, хаотичност и фрустрациите кои се основа на нивното делување.

ВМРО – ДПМНЕ не сака и нема да се вовлекува во постапки и одлуки кои нема никаква врска со политичките партии.

ВМРО – ДПМНЕ, како и во сите досегашни случаи, остава судските инстанци да делуваат строго според закон и процедури, без да дозволат било каков притисок

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски