ВМРО-ДПМНЕ: Ангелов има милион денари за мобилни телефони, а нема средства за поправка на канадерите

Од:

– Состојбата и оставањето на Кочани на милост и немилост пред пламените јазици покажа дека државата, системот, заштитата, кризниот менаџмент не само што потфрли, туку се покажа дека не постои. Состојбата покажа дека нема ниту протокол, дека нема ништо. Состојбата во Кочани покажа дека сиот систем за заштита е пеплосан од режимот на Зоран Заев, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Има документ со потпис на Стојанче Ангелов, директно одговорен за колапсот пред огнената стихија, според кој за ЦУК прави измена на годишниот план за јавни набавки за 2021 година, измена и дополна на трошоците за над еден милион денари за мобилна телефонија. Датумот на овој документ е 24 февруари оваа година вели услуги од мобилна телефонија февруари. Според некои документи само годинава вакви измени се правени во износ од над 13 милиони денари. Над 210.000 евра, изнесува менувањето на трошковникот на ЦУК, измени со потпис на Стојанче Ангелов. Тоа е половина од потребното за сервисирање на канадерите“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ