ВМРО-ДПМНЕ: Американскиот научно-здравствен совет посочи – Заев и Филипче се извор на лажни вести во корона кризата

Од:

„Американскиот научно-здравствен совет посочи: Заев и Филипче се извор на лажни вести за време на корона кризата.

Советот потврди дека Македонија е меѓу земјите кои даваат погрешни податоци или фабрикувани податоци во врска со статистиката поврзана со коронавирусот.

Македонија според „пријателите“ на Заев, Шекеринска, Филипче е во друштво на Белорусија, Таџикистан, Египет, Албанија, Бангладеш, Украина, Сирија, САД, Индија, Иран итн“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека владата е извор на лажни вести во контекст на статистиката за корона вирусот ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше уште лани непосредно по појавата на Ковид-19 во земјава.

Во меѓувреме, не само во врска со статистиката Владата продолжи со лажни вести и за главната алтака во борба против корона, вакцината.

Вакцини ќе има во јануари, за една недела, за две недели, февруари, март. Последна вест е дека во понеделник Филипче ќе потпише договор за кинески вакцини, ама дали сега исплашен, па рече не сака да калкулира со термини?!

За сите овие лаги, кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, мора да има одговорност!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус