ВМРО-ДПМНЕ: Ако Телма со име и презиме не каже кој вршел притисоци, ќе значи дека прави површен маркетинг

Од:

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение по започнување на проектот „црвен телефон“ на Телма телевизија со кој порача дека не прифаќа никакви притисоци , ни од власта, ни од опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ ја прашува пред целата јавност телевизија Телма да каже со име и презиме кој се јавувал и правел притисоци кај нив.

„Тоа е најважно во овој момент. Ако не се соопшти директно, тоа ќе значи дека Телма прави површен маркетинг на сметка на наводна борба против притисоци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира Телма да објавува прилози какви што сака и да не прифаќа никакви притисоци.

„Но, во една ваква политичка ситуација, телевизија Телма со вакви чудни маркетиншки потези само добива сивило кое ни црвен телефон не може да го промени. Треба работите да се ословуваат со име и презиме. ВМРО-ДПМНЕ бара јавно да се каже кој прави притисок врз Телма и инсистира да не се ставаат сите политичари во ист кош. Телевизија Телма после овој потег има силна обврска пред јавноста да каже кој и вршел притисок. Ако Телма не го направи тоа, тогаш ќе остане јасно дека црвени телефони и површен маркетинг за слобода им се позначајни од транспарентноста и точното информирање“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прашува Телма да објави кој и правел притисоци, се додека не објави.

„Тоа е наша должност за да се спротивставиме заеднички на сите обиди за манипулација на јавноста. На јавноста, откако Телма направи ваков чекор, не и се доволни црвен телефон и маркетинг директор кој го смислил ова. На јавноста и треба име и презиме кој и кога правел притисок врз оваа телевизија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски