ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ се грижеше, Македонија немаше да биде најзагадена во Европа

Од:

„Доколку СДСМ се грижеше за намалување на загадувањето колку што лаже, Македонија немаше да биде најзагадена земја во Европа, а Скопје помеѓу десетте најзагадени градови во Светот.

Цели две години поминаа од лажното ветување за итни мерки за почист воздух, а досега не е спроведена ниту една мерка. Единствено што направија ги исклучија мерните станици во местата со најголемо загадување за да прикажат помала аерозагаденост.

Граѓаните се со нарушено здравје и секојдневно ги полнат болниците како последица на енормно загадениот воздух, а Светска банка потврди дека заради енормно загадениот воздух во Република Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1.350 смртни случаи.

Залудни им се и лагите за грижа за зеленилото. Токму СДСМ ја укина акцијата Ден на дрвото со која изминатите години беа засадени 35 милиони садници и тоа со над 50 проценти успешност со што се смета за едно од најуспешните пошумувања во регионот. Со што уште еднаш ја потврди лажната грижа за животната средина“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците