ВМРО-ДПМНЕ: Ако распродавањето на државните и национални интереси беше натпревар СДСМ ќе беа шампиони

Од:

„Ако беше распродавањето на државните и национални интереси беше натпревар СДСМ ќе беа неприкосновени шампиони. Тоа што Заев го започна, Ковачевски го усоврши. Ковачевски како премиер успеа да ја понижи Македонија пред меѓународната јавност и да го погази достоинството државата и македонските граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да биде тој кој прв ќе ја брани државата, Ковачевски беше првиот кој ги одобри навредите и понижувањата и не ни помисли да реагира поинаку.

Срамот за Македонија, смешен им е само на СДСМ и на Ковачевски. Само тие може да се радуваат кога некој им ја негира државата. И да биде пострашно, дури и од петни жили го бранат негирањето на Македонија, наместо да го осудат.

Само за СДСМ и Ковачевски е нормално Македонија да ја нарекуваат Источна Бугарија, кога баш таа Бугарија поставува услов да прифатиме дека идентитетот, јазикот и историјата до 1944 година биле бугарски, а Македонија дека била вештачка творба.

Штом вака се радуваат на јавни понижувања и негирања на државата, којзнае колку уште попонизно се однесуваат позади затворени врати каде никој не ги гледа. Којзнае што се имаат прифатено и продадено, па не е ни чудо што го скриваат планот со Бугарија.

Нема срам, понижување и пораз за Македонија кој СДСМ не го претстави како победа.

Премногу е! Доста се понижувања, доста е распродавање на државните и национални интереси. Народот на 18-ти јуни јасно и гласно ќе каже доста е за оваа власт на СДСМ и ДУИ, доста е за вакви понижувања какви што ни приреди Ковачевски.

Време е за предвремени парламентарни избори и достоинствена Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ