А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако биде избран Пендаровски тоа ќе значи уште повеќе криминал и непотизам

by А1он24/04/2019 - 09:25120
Share0

„Стево Пендаровски загуби. Пендаровски зад кого застанаа СДСМ и ДУИ загуби во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија и во уште четириесетина општини.

Добивај вести на вибер

Граѓаните избраа право и правдина. Граѓаните ја избраа Гордана Сиљановска Давкова. Граѓаните не ги поддржуваат криминалот, корупцијата и непотизмот.

Граѓаните знаат дека ако биде избран Пендаровски тоа ќе значи уште повеќе криминал, корупција и непотизам.

Никој повеќе не ги поддржува Заев и неговите негативни политики. СДСМ нема капацитет да се отргне од матрицата на криминогеност. Глас за Пендаровски е глас за криминалите на Заев.

Пендаровски и Заев се 102.5% исти. Неработата е синоним за СДСМ.

Две години власта не направи ништо за граѓаните. Потрошени се 7 милијарди евра буџет, а од тоа граѓаните не гледаат никаква придобивка. Нема инвестиции, нема проекти.

Истата таа власт која потроши цели 7 милијарди без некој да знае на што сега излегуваат и се сликаат како чистат и одржуваат комунална хигиена, нешто што им е законска должност, а не проект со кој треба да се фалат.

Граѓаните не се нискоинтелегентни за да наседнат на форите на Заев и Пендаровски.

Граѓаните видоа дека Заев и Пендаровски лажат. Граѓаните ќе гласаат за право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Сиљановска Давкова“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 12:4317/03/2026 - 17:22

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен