ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети покажа дека е газда во мафијата на власт наречена ДУИ-СДСМ, а Ковачевски е обичен статист меѓу Заев и Ахмети

Од:

„Али Ахмети покажа дека е газда на мафијата на власт ДУИ-СДСМ. Ковачевски е само статист помеѓу Заев и Ахмети. Обичен пиун кој само слуша и спроведува“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега е јасно зошто ДУИ се согласи пиунот Ковачевски да ја администрира владата, бидејќи се увериле дека ќе се поклонува не само на Заев, туку и на коалицискиот партнер. Мафијата на власт ДУИ-СДСМ перфектно е организирана само кога се работи за тендери, криминал и корупција. Тоа е единствената нишка која ги поврзува. Голата желба за власт за да крадат ја одржува оваа власт и за тоа наоѓаат совршен заеднички јазик.

Впрочем, така сатрапот на правдата Талат Џафери како курир на Ахмети еднострано договори распишување на дополнителни локални избори за градоначалник во општините Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Без да се консултираат со некого, скриено од очите на јавноста, распишаа избори. Тоа е класично мафијашки дил, во кругот на две мафијашки семејства. Ахмети маредува, пиунот Ковачевски извршува.

Но како што крадат во тандем, така народот на предвремени парламентарни избори и ќе ги казни во тандем“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ