ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Тајни имоти“ води и директно до луѓе од опкружувањето на Оливер Спасовски

Од:

„Добрин Петрушевски, член на УО ДСУ „Киро Бурназ“, човек кој важи за близок до Спасовски, чиј син беше и советник во кабинетот во МВР, го крие својот имот, односно не го пријавил на увид на јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Петрушевски е познат по тоа што преку својата фирма која со години не пријавила никакви приходи изгради бензинска пумпа во Куманово, под името „Пин Петрол“, а доби лиценца од Спасовски и за технички преглед.

Што крие Петрушевски и зошто не го пријавил својот имот?

Имот крие и членот на НО на М НАВ, Димитар Џеков, тој не го пријавил на увид на јавноста.

Дел од функционерите имаат огромни имоти, и е сомнително зошто доколку истите се легално стекнати не се пријавени. Токму затоа ја повикуваме УЈП преку посебна постапка да утврди дали функционерите кои го кријат својот имот истите го стекнале со средства за кои е платен данок, доколку не очекуваме постапки од институцијата.

ДКСК да не ги крие и да отпочне постапки за сите функционери кои кријат имот, а дезертерот Ковачевски да ги разреши од функциите, во спротивно се потврдува дека се работи за институционално криење“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски