ВМРО-ДПМНЕ: Афера Паразити – Директорите во М НАВ земаат плата од пола милион евра за еден мандат, денеска во 12 часот нови детали

Од:

„Афера Паразити – Директорите во М НАВ земаат плата од пола милион евра за еден мандат, денеска во 12 часот нови детали. Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и Извршен директор во СВН во М НАВ, именуван од страна на владата месечно зема плата од 6 илјади евра. За една година истиот само како плата зема над 70 илјади евра. За мандат од 4 години тоа се над 280.000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ништо поразлично не е ниту за членот на УО и Извршен директор во СВТ на М НАВ, Владо Крстевски, кој зема 4.5 илјади евра плата месечно. За една година тоа се над 50.000 евра, а за еден мандат од четири години Крстевски од државата ќе земе над 200.000 евра како плата.

Овие двајца директори во М НАВ земаат скоро половина милион евра само како плата од М НАВ за еден мандат.

И додека директорите на М НАВ земаат стотици илјади евра за еден мандат на име плата, народот страда. Нити две минимални плати не ја покриваат потрошувачката кошница. Тоа што до пред една година можело да се купи за 500 денари како намирници во продавница, сега не може ниту со 1.000 денари.

Аферата Паразити покажува зошто власта не се грижи за економијата и зошто нема слух за проблемите и високата инфлација. За функционерите на власта инфлацијата не значи ништо, таа удира по народот. Затоа се потребни промени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски