ВМРО-ДПМНЕ: Аерозагадувањето во Македонија руши светски рекорди

Од:

„Аерозагадувањето во Македонија руши светски рекорди. Македонија е помеѓу државите со најзагаден воздух во Светот и со најзагаден воздух во Европа. Граѓаните се директни жртви на неспособноста на власта, како локалната така и на централната. Цената за неспосбноста на власта граѓаните ја плаќаат со своите и животите на своите најблиски. Вознемирувачки се податоците на Светската здравствена организација дека над 3 илјади граѓани годишно ги губат животите како директна последица на загадувањето.

Нема место за политички калкулации и политиканство кога станува збор за животите на македонските граѓани. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Собранието вчера поднесе Информација за енормното загадување на амбиеталниот воздух во државата.

Одродената и криминална власт на чело со аболицираниот Зоран Заев ветуваше „живот за сите“ и решение за проблемот со загадувањето. Ова ветување како и сите други се покажа дека е уште една шарена лага. Власта не се грижи за здравјето на граѓаните. Власта единствено се грижи за криминалните тендери и грантови преку кои ги испумпува парите на граѓаните на сметките на партиските и државни функционери.

Нема место за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите најмили. Бараме веднаш, власта да ги прифати нашите предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот.

Експертите потенцираат дека со итни мерки против загадувањето можат да бидат спасени преку илјада животи кои прерано згаснуваат како резултат на преголемото загадување на воздухот.Дали овие илјада животи кои можат да бидат спасени со итните мерки против загадувањето на воздухот се помалку важни од удобството на државните функционери и партиски пајташи од СДСМ?

Дали здравјето на граѓаните е помалку важно од лускузните автомобили и удобните фотелји за кои владата планира да потроши неверојатни 7 милиони евра? Апелираме уште еднаш да се прифатат мерките кои живот значат. Во спротивно власта треба да си замине и да остави друг да се грижи за здравјето и животот на граѓаните. Колку побргу си замине Заев, толку подобро за сите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО