ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром го има најнеспособниот градоначалник Златко Марин кој направи најзагадена општина во државата

Од:

„Почитувани, вчера и денес општина Аеродром го дише најзагадениот воздух во земјава, а државава е на 6то место во Светот по нечист воздух. Жителите на општина Аеродром го имаат најнеспособниот градоначалник Златко Марин кој направи општина со најзагаден воздух буквално преспивајќи 3 години од мандатот.

Едно од неговите клучни ветувања беше дека ќе работи на општина со почист воздух. Три години потоа Аеродром особено Лисиче руши рекорди по најзагаден воздух. За три години освен мала шминка Златко Марин не изгради ниту еден нов парк и не создаде ниту една зелена површина. Дивите депонии особено тие на потегот на кејот на реката Вардар останаа акутен проблем на општината“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително во општина Аеродром продолжи да се гради без план но нудејќи вносни бизниси на бизнисмени на власта блиски до Златко Марин. Во Лисиче вчера загаденоста беше 363 ПМ 10 честици на м3, дури два пати повеќе од Карпош втора рангираната општина по загаден воздух.

Бројките покажуваат дека Марин не мрднал со малиот прст за еколошка општина Аеродром. Неспособноста на Марин донесе загаден воздух. Затоа граѓаните ќе го казнат Марин“, се вели во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му