ВМРО-ДПМНЕ: 6 200 компании згаснаа во 2020, а над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија

Од:

„Штом Заев и СДСМ ветат економска година, тоа е гаранција дека ќе порасне сиромаштијата, а власта ќе се богати. СДСМ и Заев се причини за економската катастрофа со која се соочува државата. Успеаја долгот на државата да го зголемат за над 1 милијарда евра за една година и да достигне над 60% од БДП. Патем никакви капитални инвестиции не направија и економијата ја доведоа до колапс. Без работаа останаа 54 илјади работници и уште толку не земаат редовно плата поради погрешните економски политики во време на криза, кои се сведоа на гол популизам и изборна корупција. Дури 6200 компании згаснаа во 2020-та година, а над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија со само две евра на ден. Во исто време бизнисите на лицата од власта цветаат, премиерот јаде со златни лажици, а министерката Царовска носи шал од 370 евра, колку што се месечните приходите на најголем дел од семејствата во Македонија“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија поради неспособноста, криминалот и корупцијата на власта на Заев е најсиромашната и најкорумпираната држава во Европа, од која бегаат странските инвеститори и која бележи еден од најголемите падови на БДП. Пакет мерките кои СДСМ помпезно ги најавува се само замајување на јавноста, но веќе и тоа не поминува. Само 50 % од средствата за досегашните антикризни пакет мерки се реализирани, а видовме и какво фијаско се случи со бомбастично најавуваниот Викенд без ДДВ кој имаше десеткратно потфрлање. Оваа власт на Заев не е насочена кон економија, власта на Заев е насочена кон лично богатење, корупција и криминал“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус