ВМРО-ДПМНЕ: 500 илјади сиромашни граѓани едвај трошат по 150 денари дневно, а Маричиќ потрошил 313 илјади денари народни пари на гоштевања

Од:

„Додека власта го раскрчмува македонскиот идентитет, во јавноста излегоа скандалозни податоци за кафеанските трошоци кои ги правел вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој за една година изел и испил 313.603 денари или 5.000 евра на државен трошок, а во еден наврат платени се над 17 илјади денари за еден оброк.

На менито на гоштевањата кои Маричиќ ги плаќал со народни пари имало лососи, медаљони од бифтек, телешко печење, калифорниска пастрмка, се пиеле вина и жестоки пијалаци. Овие сметки се правени по ексклузивни ресторани во Скопје, додека во исто време граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Над 450 илјади граѓани живеат во сиромаштија и трошат само по 150 денари на ден, а Бојан Маричиќ трошел и по стотици евра за јадење дневно. Бедно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски