ВМРО-ДПМНЕ: 48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата на терен

Од:

„48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата, помош дадоа само градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Владата остана нем посматрач на катастрофалните поплави во Делчево и ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците од истите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствен кој излезе во пресрет на делчевчани, се околните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои веднаш помогнаа со противпожарни возила и екипи од ТППЕ, и друг вид на опрема, а веднаш потоа единствени кои изгласаа и ветија парична помош се исто така градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ширум државата.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи и дека подеднакво и е значаен секој дел од државата, без разлика дали локалната власт е од ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија. Таквиот пристап ќе продолжи и од страна на владата што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ. Народот ќе има партнер во ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче