ВМРО-ДПМНЕ: 41 починат за само еден ден, а Филипче тера Твитер кампања

Од:

„41 починат од Ковид-19 во само еден ден, а Фичипче наместо да се фати за работа тера кампања на Твитер и го брани Заев во внатрепартиски пресметки.

Доколку Филипче сака да го брани квислингот Заев во внатрепартиски пресметки и да си тера твитер кампања тоа може слободно да продолжи да го прави, но треба да си поднесе оставка веднаш. Не може на секој саат да умираат по двајца од КОВИД 19, а никој за тоа да не презема одговорност“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема оправдување затоа што Македонија е на врвот на починати од Ковид-19 во Европа. Луѓе умираат затоа што системот не функционира, а за тоа е одговорен Филипче. Со денови се чека за тестирање, а потоа уште неколку дена за да се добијат резултати. Болниците се преполни, внатре е хаос и владее неорганизираност.

Уште владее тагата за изгубениот живот на мајката на малата Михаела, која можеби ќе беше спасена, ако функционираше системот. Но системот не функционира и прашање е колку од овие 41 починати наши сограѓани ја имале истата судбина или можеби и полоша.

Граѓаните не го заслужуваат ова. Филипче мора да сфати дека тој е единствен виновник за лошата ситуација и да си даде оставка веднаш. Ниту една лоша шега, ниту видео со папагал нема да го смени фактот дека треба да си замине“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му