ВМРО-ДПМНЕ: 4 дена нема одговори од СДСМ што за нив не е прифатливо во Декларацијата за Делчев, дали Ковачевски преговара со Бугарија и за Делчев?

Од:

„СДСМ на чело со пиунот Ковачевски не се одважи и не ја поддржа Декларација за Гоце Делчев поднесена во Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Со одбивањето на оваа Декларација се отвора сериозен сомнеж дека Ковачевски со Бугарија преговара за Гоце Делчев, а со тоа и за целокупната револуционерна борба за македонска државност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ веќе 4 дена не одговори што е спорно за нив во Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Не одговорија дали за нив е спорно што со Декларацијата се бара да се спроведат активности во училиштата со кои учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев, или пак за нив е спорен повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод јубилејот.

Ги повикуваме СДСМ да ја прочитаат Декларацијата поднесена во Собранието. Воедно да се вразумат и да се откажат од брзоплетите реакции и да ја прифатат оваа Декларација се со цел да се заштити ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Очекуваме национално единство и донесување на оваа Декларација по повод 150 годишнина од раѓањето на Делчев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност