ВМРО-ДПМНЕ: 22 починати и 30 проценти од тестираните позитивни на Ковид, што уште треба да се случи за Филипче да си даде оставка

Од:

„22 починати во текот на вчерашниот ден од Ковид, тоа е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче кои преспаа цело лето без ништо да направат со цел да ја подготват државата за есенскиот бран.

Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.

Венко Филипче го внесува системот во хаос“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека не очекува есенски бран.

Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип, а со тоа ги остави возрасните ј хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија.

Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, и со своето лошо менаџирање само допринесува медицинскиот кадар да ја напушта државата.

Граѓаните очекуваат сериозен пристап, а не аматеризам. Одговорност веднаш“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му